Времето денеска ќе биде сончево и топло, со умерен, а вдолж Повардарието, засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 4, а максималната ќе достигне од 16 до 24 степени.
Во Охрид сончево со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне 16 степени.
Во следните денови ќе преовладува сончево и топло време, од недела со делумно зголемување на облачноста. Локални врнежи од дожд се очекуваат во понеделник.
