HomeАктуелноСообраќајка во Скопје – Со „мерцедес“ удрил маж и го усмртил

Сообраќајка во Скопје – Со „мерцедес“ удрил маж и го усмртил

Автомобил прегази пешак синоќа на скопската обиколница.

Според информациите, несреќата се случила во близина на клучката Радишани, кога „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.С.(28) од Скопје, удрило во К.П.(68) од Скопје.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во несреќата, на местото починал пешакот, а смрт била констатирана од лекар од Итна медицинска помош. Со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.