HomeАктуелноСообраќајна некултура или полнење на буџет, полицијата со засилени контроли

Сообраќајна некултура или полнење на буџет, полицијата со засилени контроли

Во текот на вчерашниот ден (25.01.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 212 возачи. Од нив 10 возилa се движелe со над 50
километри на час повеќе од дозволената брзина, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 120 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 92 надвор од населено место.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, додаваат од МВР.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.