HomeАктуелноСообраќајна несреќа, заглавени возила на патот – Снегот прави проблеми на македонските патишта!

Сообраќајна несреќа, заглавени возила на патот – Снегот прави проблеми на македонските патишта!

Сообраќајна несреќа, заглавени возила на патот – Снегот прави проблеми на македонските патишта.

Сообраќајка се случи попладнево кај Буково на патниот правец Охрид – Ресен. Во моментов сообраќајот е во застој. На овој патен правец интензивни се врнежите од снег, коловозот е лизгав и под снег.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на нашите дежурни екипи.

Забрани за сообраќај за тешки товарни возила од 15.25 часот се воведени на патните правци Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража и  на патниот правец крак Маврово – Дебар, од   16.20 часот на патниот правец Битола – Ресен преку планинскиот превој Ѓавато и од 17.00 часот на патниот правец Ресен – Охрид преку планинскиот превој Буково.

Од 18.00 часот на патниот правец Тетово – Попова Шапка поради врнежи од снег се воведува задолжителна употреба на зимска опрема (ланци) за сите видови на возила.      

На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ  се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Сите подетални информации учесниците во сообраќајот можат да ги добијат на нашиот дежурен телефон 02 25 61 502.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.