Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ).
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Отежнат сообраќај:
Патниот правец Крушево-село Долно Дивјаци-село Кочиша е небезбеден за сообраќај и претсавува опасност за нормално одвивање на сообраќајот. Од 4-ти април 2025 година е затворен за секаков вид на сообраќај. Може да се користат регионален пат село Пуста Река-Крушево.
Известување:
Според известување од Виадукт Треј Дооел-Гостивар, како дел од изведбата на Коридор 10Д, во тек е важност на времен режим на сообраќај на патен правец Прилеп-Битола, каде ќе се пренасочи движењето на возилата по регионалниот пат Прилеп-Битола, од делот од клучка Лагово до Тополчани. Овој времен режим е започнат од 3-ти април 2025 година и ќе трае до завршувањето на градежните активности.
Времена измена на сообраќајот:
На експресниот пат А1, делница Градско-Дреново, од 17-ти март до 4-ти април 2025 година, поради монтажа на дилатација на еластичната одбојна ограда на вијадукти и мостови, сообраќајот ќе биде пренасочен и регулиран на одредени делови од оваа делница.
На автопатот А1, делница Демир Капија-Смоквица од 20-ти февруари до 31-ви мај 2025 година, поради изведба на реконструкција на левата тунелска цевка на Тунел Т2 ќе има времена измена на сообраќајот. Левата тунелска цевка на тунел Т2 е целосно затворена за сообраќај, а сообраќајот е целосно пренасочен во десната тунелска цевка со двонасочно одвивање на сообраќајот.
Известување:
„Доо Стентон Градба-Битола” известува дека согласно Одобрение за времена измена на режим на сообраќај, на магистрален пат А1 делница Фариш-Прилеп ќе врши санација на ударни дупки од 19-ти декември 2024 година до завршување на градежните работи.
Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Виница-Берово и Кочани-Делчево.
Времен режим на сообраќај:
Поради изградба на патен коридор 10Д, делница Прилеп-Битола, извршено е пренасочување за секаков вид на сообраќај и тоа од клучка Тополчани по РП 1101 до депонија „Алинци“. Временскиот режим започна на 8-ми октомври 2024 и ќе трае една година.
„Страбаг“ АГ подружница „Страбаг“ Скопје известува за времена измена на сообраќајот од 8-ми октомври до 31-декември 2024 година на автопат А1 делница Велес-Неготино поради изградба на делница Градско-клучка „Дреново“. Сообраќајот ќе се одвива под времен режим со соодветно поставена сообраќајна сигнализација.
Зимска опрема:
Од 15-ти ноември 2024 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15-ти март 2025 година. Повеќе информации може да прочитате на овој линк.
Сезонски режим на сообраќај:
Патниот правец Охрид-Ресен преку Националниот парк „Галичица“, од 15-ти ноември 2024 година е затворен за сообраќај за сите видови возила.
Работи на пат во регионот:
На патниот правец Кичево-Охрид, поради градежни работи на повеќе делници, сообраќајот се одвива со девијации. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација и затоа се препорачува строго почитување на истата и прилагодена брзина на движење.
Oд 24-ти октомври 2023 година започна реконструкцијата на регионалниот пат 1301 (Охрид-Свети Наум). Сообраќајот ќе се одвива непречено и ќе биде регулиран со содветна сообраќајна сигнализација.
