HomeАктуелноСо европско знаменце Владата предлага намалување на затворските казни за функционерите

Со европско знаменце Владата предлага намалување на затворските казни за функционерите

Владата до Собранието предложила измени на Кривичниот законик по скратена постапка со кои се предвидува намалување на затворските казни за злоупотребата на службената должност и овластувања кои денеска се на дневен ред на Комисијата за европски прашања, пишува „Сакам да кажам“.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Предложените законски измени на КЗ се доставени во Собранието со европско знаменце и веќе се ставени на дневен ред.

Според предлогот, треба да се укинат одредбите од членот 353 за затворски казни од најмалку три и пет години, и место тоа се воведува затворска казна од една до четири години. Со одредување горна граница на можната затворска казна се отвора можност за уште побрзо застарување на делата, што веќе стана пракса во судските случаи со поранешните функционери, стои во текстот.

Вакви законски измени бараше ВМРО-ДПМНЕ во 2018 година на тогашните лидерски средби на Зоран Заев и Христијан Мицкоски, со цел застарување на делата на обвинетите поранешните функционери од Владата на Никола Груевски.

Потпишан на предложените законски измени е премиерот Димитар Ковачевски и во образложението се вели дека тие произлегуваат од Националната програма за усвојување на правото на ЕУ.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.