Мила Кунис, која е родена во Украина, додека го претставуваше кандидатот за најдобра песна на годината и изведба, се осврна на страдањата во нејзината татковина.
„Неодамнешните глобални настани оставија многумина од нас да се чувствуваат вознемирени“, рече Кунис и додаде „сепак, кога ќе бидете сведоци на силата и достоинството на оние кои се соочуваат со такво уништување, невозможно е да не бидете трогнат од нивната издржливост.
Инаку филмот за лицата со оштетен слух „Кода“ триумфираше на годинешните Оскари, со три номинации и освоени оскари во сите три категории. Годинава, вестернот „Моќта на кучето“ доби 12 номинации, научно фантастичниот спектакл „Дина“ десет, а по седум номинации добија филмовите „Белфаст“ и „Приказна од западната страна“.
Оскарот за најдобра женска споредна улога го доби Аријана де Боуз за улогата во римејкот на филмот „Приказна од западната страна“. Кај мажите во оваа категорија, Оскарот отиде во рацете на Трој Коцус за „Кода“ и тој е вториот актер со оштетен слух кој добива оскар.
За најдобра филмска песна е „Нема време за умирање“ на Били Ајлиш и ова е трета песна од фимовите за Џемс Бонд што освојува Оскар по Адел и Сем Смит, а од категоријата странски филм Оскар освои јапонскиот филм „Вози го мојот автомобил“.
Во главните категории, Оскарот за најдобра режија го доби Џејн Кемпион за „Моќта на кучето“, таа е прва жена која двапати е номинирана во оваа категорија, а сега оскарот го освојува таа, наместо Спилберг за „Приказна од западната страна“.
За најдобра актерка во главна женска улога Оскарот го доби Џесика Џестејн за улогата во филмот „Очите на теми феј.“ За најдобар актер во главна машка улога беше прогласен Вил Смит за „Кралот ричард“.
Како најголем скандал на Оскарите беше кавгата помеѓу актерите Крис Рок и Вил Смит проследена со пцовки, од она што требаше да излезе шега, но за Вил Смит беше навреда Кога колегата се пошегува со неговата сопруга, зошто немаше коса, па стана и го удри на сцената.
