HomeАктуелноСо лажна полициска легитимација сакал да излаже сообраќајци

Со лажна полициска легитимација сакал да излаже сообраќајци

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Т.К.(33) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лажно претставување” по член 391 од Кривичниот законик.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

На 25.05.2022, пријавениот бил запрен од полициски службеници додека управувал патничко возило, а поради сторен сообраќаен прекршок.

Притоа, тој лажно се претставил како полициски службеник и се легитимирал со лажна службена легитимација на МВР која сам ја изработил.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.