HomeАктуелноСо пригодна свеченост во Велгошти започна чествувањето на Илинден

Со пригодна свеченост во Велгошти започна чествувањето на Илинден

Со положување цвеќе пред спомен- обележјето на Илинденците во село Велгошти од страна на делегација од Општина Охрид предводена од градоначалникот Кирил Пецаков започна чествувањето по повод 2 Август – Илинден, Денот на Републиката. Во своето обраќање градоначалникот Пецаков истакна дека само да се биде на Илинден во Велгошти, е настан сам по себе.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Кога на тоа ќе се додаде дека на овој ден се будат сите дамари на секој Македонец, при спомнувањето на славната Илинденска епопеја и херојството на јунаците кои своите животи ги положиле на олтарот за слобна Македонија, тогаш навистина имаме право да бидеме горди на нашето минато, рече во обраќањето градоначалникот Пецаков.

Во македонскиот јазик, додаде, има еден доста интересен збор – јанѕа. Тоа е она што денес го чувствува секој Македонец – неспокој, немир од денешнината.

Но, ве уверувам дека никој нема право на страв ниту ќе не уплашат опасностите кои се надвиснале над Македонскиот народ. Затоа што на повикот за востание во 1903-та преку 2000 охриѓани, застанале под македонското црвено знаме, на кое пишувало „Смрт или Слобода“. Денес ве уверувам дека сме многу, многу побројни и стоиме под едно друго знаме кое се вика – Македонија и само Македонија, зошто денешната генерација нема друга опција освен токму врз исконските Илинденски идеали да ја сочува Македонија и Македонскиот народ, рече Пецаков.

Упати честитка за овој светол и голем ден за македонската историја, која, како што рече, убеден е дека ќе знаеме да ја сочуваме и посакува илинденскиот идеал за слободна и праведна Македонија, да живее уште недоброј години во генерации нови достоинствени Македонци, под сонцето на слободна, суверена и независна Македонија!

По обраќањето следуваше и културно – уметничка програма.

Чествувањето продолжува утре на самиот ден 2 Август од 10:00 часот кога ќе биде положено цвеќе пред спомен-обележјата на Илинденците во градскиот парк, а од 10:20 часот кај Прентов мост.

Од 10:30 часот во селото Плаќе ќе се одржи историски час како и културно – уметничка програма.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.