Општина Охрид и ОО на Сојуз на борци на Охрид и Дебрца и годинава со пригодни свечености го одбележуваат 11-ти Октомври – Денот на народното востание.
Големината на 11-ти октомври е во опстојувањето на временскиот континуитет на вековниот стремеж на македонецот за опстојување на својата територија и приклучување на својот народ и држава кон големото светско семејство на народите, истакна градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков на свечената седница по повод Денот на народното востание.
– Четиригодишната народноослободителна епопеја на македонскиот народ во Втората светска војнаги постави темелите на новата македонска држава и го реализира многувековниот сон на македонскиот народ за создавање на сопствена држава. Славни и неизбришливи се трагите на револуционерниот и бунтовен 11-ти октомври 1941 година, нашиот патоказ низ бурните времиња, сé до создавењето на сопствена држава. Во сите периоди на своето опстојување, Охрид бил дел од историските настани што ја одредувале иднината на македонскиот народ. И покрај сите специфики на времето во кое живееме и сложеноста на состојбите, градот успева да ја сочува својата одлика да биде репрезент на целата македонска историја, традиција и култура. За многу одлуки во животот е потребна и храброст, но најголема е храброста да се задржи своето и подготвено и достоинствено да се одговори на предизвиците што ги носи иднината. Нам нѝ е потребна онаква храброст, каква што во себе содржи тој 11-ти октомври, датумот што го насочи текот на историјата, поставувајќи ги темелите на идниот национален развој, подвлече Пецаков.
Денеска од 10:00 часот ќе биде положено свежо цвеќе пред спомен-обележјата од НОБ – во Градскиот парк, пред Основен суд Охрид, СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ и кај Градските гробишта.
