– Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска ќе го посети Регионалниот центар Југ во Кавадарци.
Спасовски ќе има средба со раководствата на РЦ Југ, СВР Битола и СВР Велес, соопшти МВР.
Посетата на РЦ Југ е во рамки на серијата средби со првите луѓе на Секторите за внатрешни работи и Регионалните центри низ државата со цел согледување на сработеното.
