HomeАктуелноСредба на министерот Спасовски со претставничката на ОБСЕ за слобода на медиумите Рибеиро

Средба на министерот Спасовски со претставничката на ОБСЕ за слобода на медиумите Рибеиро

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска остварил работна средба со претставничката на ОБСЕ за слобода на медиуми Тереза Рибеиро.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

На средбата Спасовски ја потенцирал посветеноста и одличната соработка на МВР со медиумите и медиумските работници и овозможување на услови за нивно непречено работење.

– Одличната соработка се надоградува преку заеднички работилници и други активности на полицијата и новинарите, а во голем дел од овие активности учествува и Мисијата на ОБСЕ во Скопје, се наведува во соопштението од МВР.

Спасовски потенцирал дека токму денеска беа презентирани и резултатите од проценките за отвореност на институциите, а МВР, рекол,е една од највисокорангираните институции. Ја нагласил посветеноста за уште поинтензивна соработка на ова поле, што е од интерес за целото општество и упатил благодарност до Мисијата на ОБСЕ за одличната соработка во изминатиот период.

Рибеиро ја потенцирала важноста на слободата на медиумите за развојот на едно општество, а во таа насока, истакнала, особено е важна безбедноста на новинарите.

– Таа изрази задоволство од сето она што во изминатиот период е направено на ова поле, со очекување да се продолжи во истиот правец, а за тоа е потребно зајакнување на законската рамка за заштита на новинарите, соопштија од МВР.

Рибеиро и Спасовски се согласиле дека измените во кривичниот законик во насока на подобрување на безбедноста на новинарите, а кои се очекува да бидат усвоени од Парламентот, ќе дадат голем придонес за тоа.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.