Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска оствари работна средба со шефот на Мисијата на ОБСЕ, амбасадорот Клеменс Која на кого му завршува работниот мандат во земјава.
![]()
На средбата министерот Спасовски му се заблагодарил на амбасадорот Која за поддршката и одличната соработка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје со Министерството за внатрешни работи во многу заеднички успешно реализирани проекти, изразувајќи уверување дека истата ќе продолжи да се развива во континуитет и со новоименуваниот амбасадор.
![]()
Како што соопштија од МВР, министерот Спасовски му врачил плакета од МВР на амбасадорот Која во знак на благодарност за успешната соработка и модернизирање на капацитетите на МВР.
![]()
