Сараево синоќа беше покриено со снег кој почна да паѓа, а температурите исто така се нешто пониски од претходните денови, па во главниот град на Босна и Херцеговина утрово беа измерени 0 степени, јавија тамошните медиуми.
Граѓаните, се сведоци на зимски сцени, иако многумина мислеа дека конечно дојде подобро време и дека ќе ги заборават капутите, капите и шаловите.
Според прогнозата на Федералниот хидрометеоролошки институт на БиХ (ФХМЗ), во Сараево денеска ќе биде облачно во поголемиот дел од денот, а во претпладневните часови се најавуваат и лапавица и дожд. Делумно намалување на облачноста се очекува во текот на вечерните часови, додека највисоката дневна температура на воздухот ќе достигне до 6 Целзиусови степени.
Сепак, за следните три дена се најавува подобро време за цела БиХ а температурите на воздухот ќе бидат во пораст.
И Хрватска ја погоди нагла промена на времето и пад на температурата.
Во Горски Котар падна снег. На Фужине, но и на Платак се појави бела покривка, а прогнозите предвидуваат дека на некои места висината на новиот снег би можела да биде и повеќе од десет сантиметри.
Поради невремето излета покрив во областа Пожега, поради што се нанесени милионски штети на помошниот објект на болницата во Пожега и на градилиштето на идната зграда на Брзата помош.
За среќа, немаше човечки жртви, а здравствената заштита продолжи да функционира нормално.
