Србија, српскиот народ и владата на Србија секогаш важела за блиска кога станува збор за Македонија, секогаш помагала за се што е потребно на македонскиот народ.
Но, деновиве сме сведоци дека Македонската влада и не баш добро и возвраќа за секоја нејзина добрина.
Веќе повеќе од 12 часа од новата трагедија што ја потресе Србија, во која по пукањето со автоматско оружје и убиството на осум луѓе во селото Дубона кај Младеновац, осомничениот 21-годишен напаѓач е уапсен во Крагуевац, како што јавија српската државна телевизија РТС и државната новинска агенција Танјуг, повикувајќи се на свои извори.
Премиерот на Владата на РСМ, Димитар Ковачевски сè уште не упатил сочуство до Српската влада, барем тоа не го сторил јавно.
Исто така во Македонија сè уште нема никаков став од владата дали ќе биде прогласен ден на жалост по двете трагедии кои ја погодија соседната земја.
За потсетување, последно во спомен на жртвите од разорните земјотреси во Турција и Сирија во државава беше прогласен ден на жалост.
Инаку, ова е второ убиство за три дена во Белград. Најновиот масакр се случува само еден ден по трагедијата која ја потресе цела Србија– во средата на 3 мај во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“ тринаесетгодишен ученик со огнено оружје уби осум свои соученици и чуварот на училиштето, по што беше приведен од полицијата.
