HomeАктуелноСтефковски ги зголемува платите на вработените во Гази Баба

Стефковски ги зголемува платите на вработените во Гази Баба

Денес 20.07.2022 година, градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски заедно со преставници на Синдикалната организација на општина Гази Баба потпишаа измени на Колективниот договор со кои се врши линеарно зголемување на платите на вработените во општинската администрација за 2800 денари.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

За потпишувањето градоначалникот Стефковски информираше на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:

Вработените во општина Гази Баба ќе добијат повисоки плати за 2800 денари

Утрово заедно со преставници на Синдикалната организација во општина Гази Баба потпишавме измена на Колективниот договор со што ќе се изврши линеарно зголемување на платата на вработените во општинската администрација за 2800 денари.

Високата инфлација, ценовниот шок и општото зголемување на животната потрошувачка беше она што ме водеше при донесување на одлуката за зголемување на платите.

Покрај ова верувам дека со оваа мерка дополнително ќе се мотивираат вработените во администрацијата кои изминатите месеци посветено работат на реализација на проектите. – напиша Стефковски

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.