HomeАктуелноСтејт департментот ќе донира 100 милиони долари хуманитарна помош за палестинскиот народ

Стејт департментот ќе донира 100 милиони долари хуманитарна помош за палестинскиот народ

САД обезбедуваат хуманитарна помош од 100 милиони долари за палестинскиот народ во Газа и на Западниот Брег, објави Стејт департментот на X.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Ова финансирање ќе им помогне на раселените лица и лицата погодени од конфликти со чиста вода, храна, средства за хигиена, медицинска нега и други основни потреби – наведоа тие.

Потсетуваме, американскиот претседател престојуваше во Израел, каде што разговараше со премиерот на таа земја Бенјамин Нетанјаху, а неговата средба со палестинскиот претседател Махмуд Абас, која требаше да се одржи во Јордан, беше откажана по нападот на болница во Газа.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.