Градоначалникот на скопската општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски на Фејсбук сподели фотографии од вандализирана фасада на детска градинка.
-Досега невиден акт на вандализам! Вандализиран е објектот на детската градинка Росица, клон Детелинка, во УЗ Мирче Ацев. Пријавено е до надлежните институции и го повикувам Министерство за внатрешни работи во најбрз можен рок да ги пронајде сторителите и соодветно да ги санкционира, напиша Стојкоски.
