HomeАктуелноСтрански државјанин приведен за илегален премин и незаконит риболов во водите на Охридското Езеро

Странски државјанин приведен за илегален премин и незаконит риболов во водите на Охридското Езеро

На 22.06.2025 година во 04.35 часот во водите на Охридското езеро, полициски службеници од полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро”, во водите на Охридското езеро, од слобода го лишија албанскиот државјанин К.С.(47). Поради постоење основи на сомнение за „Илегално преминување на државната граница” и „Незаконит риболов”, него, судија на претходна постапка при основниот суд во Охрид, му одреди мерка „Краткотраен притвор’. При вршење патролни контролни активности на Охридското езеро, полициските службеници го затекнаа К.С. во неговиот пловен објект во македонските територијални води над населбата „Лагадин”, како врши незаконит риболов во водите на Охридското Езеро со помош на блинкери и по извршен преглед, пронајдени се 22 топки со 110 блинкери и друг риболовен алат кои, заедно со пловилото се одземени. По целосно документирање на настанот, против него ќе бидат поднесени соодветни пријави, информираат од СВР Охрид.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер
Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.