СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.М.(36) од струшкото село Драслајца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување употреба на наркотични дроги”.
Тој, во својот автомобил „форд мондео”, што го паркирал во авто камп во Охрид, му овозможил на М.К. од Струга користење марихуана, информира портпаролот на СВР Охрид.
