HomeАктуелноСѐ што треба да знаете за К-15: износ, рокови и услови за исплата

Сѐ што треба да знаете за К-15: износ, рокови и услови за исплата

Сѐ што треба да знаете за К-15: износ, рокови и услови за исплата

Работниците во Македонија имаат право на регрес за годишен одмор – попознат како К-15 – во висина од најмалку 40% од просекот на последните три нето-плати што ги објавува Државниот завод за статистика.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Рокот за исплата на регресот е до крајот на календарската година, а доколку во меѓувреме се зголемат платите, тогаш и износот на К-15 се зголемува.

Сепак, компаниите кои се соочуваат со финансиски тешкотии можат да исплатат и помал износ. Токму оваа одредба — дека фирмата може да се повика на „тешкотии во работењето“ — е предмет на критики во изминатите години и од Државниот трудов инспекторат и од ССМ, кои бараат појасна дефиниција. Според сегашните правила, не се бара фирмата да има финансиска загуба, туку само да покаже дека има потешкотии, што остава простор за различни толкувања.

Како се пресметува износот на К-15

Износот на регресот се определува според основицата што важи на денот кога е донесена одлуката за исплата.
Според Колективниот договор, основица претставува просечната месечна нето-плата исплатена во последните три месеци во државата.

Во 2025 година, од 1 јули, компаниите можат да почнат со исплата на К-15, а законски се обврзани тоа да го направат до 31 декември.
Најнискиот износ на кој во моментов може да сметаат работниците изнесува 17.150 денари, што претставува 40% од просечната тримесечна плата од 42.230 денари (просек за периодот февруари–април годинава).
Доколку фирмите донесат одлука за исплата подоцна во годината, износот ќе биде поголем, зависно од растот на просечната плата.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.