HomeАктуелноТаравари: Нашата соработка со Арсовска завршува со разрешувањето на директорот на Комунална хигиена

Таравари: Нашата соработка со Арсовска завршува со разрешувањето на директорот на Комунална хигиена

-Ако е точно дека директорот на Комуналец е разрешен, тука завршува нашата соработка со Данела во Град Скопје. Ова е мој личен став за кој ќе се залагам во раководството на Алијанса, изјави градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари утринава во Студио 10.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Таравари изјави дека протестите пред приватен хотел или во населба каде повеќето се Албанци е провокација. Хотелот завчера бил демолиран од протестантите и тоа било пријавено во полиција.

-Зошто баш во тој хотел, не ми е јасно и зошто баш вчера повторно одеа таму? Не оправдувам користење на оружје, ама да се провоцира луѓе сме, и реагираме афективно. Сите би реагирале исто. Тој е член на Алијансата кој е разрешен, а ако е разрешен, завршува нашата приказна во Скопје. Ако е разрешен, треба градоначалничата да не консултира нас и ова го кажувам во мое име, не партиско. Денеска ќе имаме состанок и тука завршува нашата соработка со Данела Арсовска. Таа го разрешила, а не ВМРО-ДПМНЕ, рече Таравари.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.