На 21.06.2023 година во 04.40 часот, во казино лоцирано на булеварот „Туристичка” во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од Ж.Р.(33) од Охрид, врз Д.С.(45) од охридското село Долно Лакочереј. Напаѓачот е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава , информира Потпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
