Денеска (28.07.2025) во 00.15 часот во СВР Охрид било пријавено дека на пешачка патека во Охрид, Љ.С.(47) од с.Коњско, охридско, управувајќи мотоцикл „јамаха” со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и со мотоциклот паднал на патеката. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 45-годишна сопатничка Б.С. од с.Коњско, додека возачот Љ.С. се здобил со телесни повреди, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо” Охрид, информираат од СВР Охрид.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид, додаваат од СВР Охрид.
