HomeАктуелноТешка сообраќајка во Охрид: Четворица повредени, две лица со тешки телесни повреди

Тешка сообраќајка во Охрид: Четворица повредени, две лица со тешки телесни повреди

На 28.07.2025 во 13.15 часот во СВР Охрид било пријавено дека на ул.„15 Корпус” во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо” со охридски регистарски ознаки, управувано од Г.К.(32) од с.Лескоец, охридско и патничко возило „шкода” со охридски регистарски ознаки, управувано од З.Д.(51) од с.Лескоец, охридско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците од патничкото возило „пежо”, 62-годишната Л.П. и К.П.(30), двајцата од с.Лескоец, охридско, додека со телесни повреди двајцата возачи, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо” во Охрид, информираат од СВР Охрид.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

По наредба на јавен обвинител, извршен бил увид од увидна екипа на СВР Охрид, додаваат од СВР Охрид.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.