HomeАктуелноТешка сообраќајна несреча во близина на Виница

Тешка сообраќајна несреча во близина на Виница

На 20.11.2022 во 20.45 часот во Полициската станица Виница било пријавено дека на локалниот пат за с.Блатец, кај место викано „Ревиро“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „рено клио“ со кочански регистарски ознаки, управувано од С.Ѓ.(36) од с.Блатец, виничко и патничко моторно возило „фолксваген голф“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Т.М.(41) од с.Вељуса, струмичко.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот С.Ѓ., а со телесни повреди се здобиле возачот Т.М. и тројца сопатници од истото возило – Г.Р.(41) од с.Покрајчево, радовишко, Д.Ј.(43) од Виница и З.Ј.(34) од с.Ангелци, општина Василево, констатирани во Медицинскиот центар во Штип и Општата болница во Кочани.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Виница.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.