HomeАктуелноТешка сообраќајна несреќа во кое едно лице го изгуби животот, во несреќата учествувал македонец

Тешка сообраќајна несреќа во кое едно лице го изгуби животот, во несреќата учествувал македонец

Македонски државјанин учествувал во тешка сообраќајна несреќа што се случила во Албанија во близина преминот Ќафасан, нешто по полноќ.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Несреќата се случила на патниот правец Прењас-Либражд, кај местото викано Пишкаш околу 00:10 часот, кога се судриле патничко моторно возило “мерцедес” и камион со скопски регистарски таблички, управувано од македонски државјанин, објавија албанските медиуми.

Како последица на несреќата животот го загубила сопатничката во автомобилот а тешко е повреден Зеф Синани (34), кој управувал со автомобилот. Повредениот прво бил пренесен во болницата во Либражд, а потоа во регионалната болница во Елбасан.

Причина за несреќата најверојатно е  движењето на возилата со брзина поголема од дозволената.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.