На 22.07.2025 во 12.40 часот, на крстосница од ул.„Галичица” со ул.„8 Септември” во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „киа” со охридски регистарски ознаки управувано од 21-годишната Е.М. од Охрид и мопед со охридски регистарски ознаки, управуван од Б.С.(50) од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Б.С., констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо” Охрид, информираат од СВР Охрид.
По наредба на Јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на СВР Охрид, додаваат од СВР Охрид.
