HomeАктуелноТешко повредени две лица во сообраќајка на патот Берово-Струмица

Тешко повредени две лица во сообраќајка на патот Берово-Струмица

На 15.04.2023 околу 15,25 часот во ОВР Берово било пријавено дека на регионалниот пат Берово-Струмица, на место викано „Шушлевец“,  се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „нисан микра“  со беровски регистарски ознаки, управувано од С.П.(24) од Берово и патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.М.(30) од Скопје.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.П., додека со телесни повреди се здобил И.М. констатирани во Клиничка болница Штип. Увид на местото извршила екипа од ОВР Берово.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.