На 2-ри август 2022 година, во 17:35 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, на околу 1.000 метри пред планинскиот превој „Пресека“, 37-годишниот С.А. од Тетово, управувајќи мотоцикл марка „Јамаха“, со тетовски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.
Тој бил пренесен во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид извршила екипа од Полициската станица од Охрид, информираат од МВР.
