HomeАктуелноТешко повреден маж од Кочани откако со своето возило излетал од патот

Тешко повреден маж од Кочани откако со своето возило излетал од патот

На 02.11.2022 во 04.40 часот во Полициската станица Кочани  било пријавено дека на регионалниот пат с.Зрновци-Пониква, кај место викано „Дупли кривини“, патничко моторно возило „опел тигра“ со кочански регистарски ознаки, управувано од А.С.(33) од Кочани, излетало од патот.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобил сопатникот П.Ј.(25) од Кочани.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кочани.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.