HomeАктуелноТешко повреден малолетен пешак

Тешко повреден малолетен пешак

Во текот на вчерашниот ден се случила сообраќајна несреќа на регионалниот пат Липково-Арачиново во која тешко бил повреден малолетен пешак.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

На 02.06.2022 околу 14.10 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионален пат Липково – Арачиново, во с.Матејче, општина Липково, патничко возило „форд фиеста“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Р.И.(24) од с.Виштица, општина Липково, удрило во малолетен пешак од с.Матејче. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општа болница Куманово. Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.