18-годишник од охридскот е тешко повреден во сообраќајка вчеравечер во Охрид.
Вчера во 21:20 часот во СВР Охрид е пријавено дека на улицата „7 Ноември“ во Охрид, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Б.Џ.(69) од Охрид и мопед „априлија“ со охридски регистарски ознаки, управуван од Н.З.(18) од охридското село Лескоец.
Н.З. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, соопштија од полицијата.
Увид на местото на несреќата изврши екипа на СВР Охрид.
