HomeАктуелноТошковски: Максимум може да се направат по 3.000 пасоши дневно

Тошковски: Максимум може да се направат по 3.000 пасоши дневно

Дневно може да се изработат само по 3.000 нови пасоши, но во оптимизирани услови.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Техничкиот министер за внатреши работи, Панче Тошковски во гостувањето во утринската емисија „Ја сакам Македонија“ на Сител вели дека најважно е да не се изгуби континуитетот и динамиката во испораката на обрасците.

-Ако има печатење на пасоши од тип Б со други јазици, ќе биде под 2.800, така е побавно, вели Тошковски.

Според неговите прогнози, пасошите ќе се обноват до Нова година доколку се биде во ред со машините и со испораката на обрасците.

-До Нова Година ќе може да се стаса, имаме отприлика околу 10 месеци, но само ако се зголеми капацитетот, барем минимално, и ако ги имаме обрасците – ќе може да ги обновиме оние пасоши 650.000 со старото име. Уште една машина не може да се обезбеди, затоа што сега се избори, а таа постапка трае долго врме. Ако работиме 25 дена во месец, по 3.000 на ден, тоа е 75.000 месечно. Со оваа бројка ќе може да се обноват, рече Тошковски.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.