HomeАктуелноТрагедија во Охрид: Женa загина, тројца повредени во сообраќајка кај кружен тек

Трагедија во Охрид: Женa загина, тројца повредени во сообраќајка кај кружен тек

На 19.06.2025 година во 22.30 часот, во СВР Охрид е пријавено дека на кружен тек од булеварот „Туристичка” со улицата „Јане Сандански” во Охрид, патничко возило „фолксваген голф” со охридски регистарски ознаки, управувано од И.С.(22) од селото Пашино Рувци, прилепско, со престој во Охрид, удрило во метален столб, а потоа и во пешаците А.Б.(44) од Охрид и Д.П.(52) од Скопје. Од здобиените повреди А.Б. починала во Специјалната болница „Св.Еразмо”, а лекар констатирал смрт. Со тешки телесни повреди се здобил Д.П., додека со телесни повреди се здобиле возачот И.С. и неговиот сопатник К.М.(19), констатирани во болницата „Св.Еразмо” и во Општата болница Охрид. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Охрид, а по наредба на Јавен обвинител, И.С. е лишен од слобода, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот”, по член 300 став 2 од Кривичниот законик, информира Порпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер
Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.