HomeАктуелноСемејство со три деца повредено во тешка сообраќајка во Албанија

Семејство со три деца повредено во тешка сообраќајка во Албанија

Утринава кај Љеш во Албанија се случи тешка сообраќајна несреќа, а повредени се пет членови на семејството кои се наоѓале во автомобил со српски регистарски таблички, јавува албанската ABC.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Несреќата се случила во раните утрински часови. Како што дознава белградски „Блиц“, семејството било на одмор во Албанија. Нивниот автомобил удрил во насипот што ги дели коловозните ленти на државниот пат.

Три деца и брачен пар биле во автомобилот и сите се повредени, а мајката потешко. Повредените се пренесени во болница.

Полицијата е на терен, а се сомнева дека брзината и влажниот коловоз предизвикале губење контрола над возилото.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.