Со новата извршна наредба што синоќа ја потпиша американскиот претседател Доналд Трамп за воведување царини за речиси сите земји кои досега немаат трговски договор со САД, царинската стапка за Македонија од претходните 33 е намалена на 15 проценти.
Царинска стапка од 15% е воведена и за Хрватска и Словенија.
Од земјите во овој регион царинската стапка за Босна и Херцеговина е 30 проценти, највисока е царинската стапка за Србија 35 проценти, а најниска е за Црна Гора од 10 отсто.

