HomeАктуелноТри лица приведени поради пронајдена марихуана и опрема за нејзина подготовка во Кочани и Штип

Три лица приведени поради пронајдена марихуана и опрема за нејзина подготовка во Кочани и Штип

На 05.08.2025, по претходна издадена наредба од Основен суд Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани извршија претрес во дом и помошни простории кои ги користи Е.Х.Х.(43) од Кочани. При претресот се пронајдени и одземени две метални дробилки-гриндери и марихуана, а Е.Х.Х. е лишен од слобода и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Исто така, на 05.08.2025, по претходна издадена наредба од Основен суд Кочани, извршен е претрес во домот на И.Р. (29) од Кочани, при што е пронајдена марихуана. И.Р. е лишен од слобода и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 06.08.2025, по претходно издадена наредба од Основен суд Штип, полициски службеници од СВР Штип извршија претрес во дом кај А.Џ.(39) од Штип. При претресот е пронајдена марихуана и дробилка. А.Џ. е лишен од слобода и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.