HomeАктуелноТри самита во Брисел – се прави стратегија за идните чекори кон Русија

Три самита во Брисел – се прави стратегија за идните чекори кон Русија

Брисел денеска и утре е епицентар на глобалната безбедност и дипломатија.. На три паралелни самита, на кои учествува и американскиот претседател Бајден светските лидерите ги одредат идните чекори во однос на руската агресија во Украина..

Зголемена воена, хуманитарна и финансиска помош за Украина – ова e исходот од вонредниот самит на НАТО кој се одржува во услови на засилени тензии и закани за потнцијална употреба на нуклеарно оружје. Лидерите на земјите членки на алијансата во заедничка изјава ја повикаа Русија веднаш да ја прекине војната, а генералниот секретар Столтенберг порача дека ќе бидат распоредени четири нови борбени групи во Бугарија, Романија, Унгарија и Словачка кои треба да ги засилат веќе распоредените борбени групи во Полска и Словачка.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Низ Европа има 100 илјади американски војници кои ги поддржуваат напорите на НАТО и европските сојузници исто така испорачаа. Имаме 40 илјади трупи под директна команда на НАТО, најчесто во источниот дел на алијансата. /Лидерите на Алијансата се согласија да испратат дополнителна помош за Украина да се помогне во нивното фундаментално право на само одбрана. Сојузниците ја снабдуваат Украина изначајни со воени залихи, вклучувајќи и анти тенковски и воздушни системи и дронови кои се покажаа високо ефективни, како и со значителна финансиска и хуманитарна помош.

Американскиот Претседател Бајден пак од самитот најави дека САД на Украина ќе и испратат оружје и друга воена опрема во вредност од една милијарда долари за борба против руската инвазија на земајта. Во Брисел е и македонскиот премиер Ковачевски кој пред состанокот порача дека самитот има за цел да го одврати рускиот претседател Путин тоа што се случува во Украина. Македонија како што кажа тој целосно е усогласена со политиката на НАТО и ЕУ кон Русија.

Денес сите сојузници на НАТО се обединети и ќе ја дадеме нашата поддршка за народот на Украина. Ќе останеме обединети и Македонија како земја членка на НАТО веќе ја усогласи својата надворешна политика со ЕУ и ги донесовме сите одлуки со земјите членки на НАТО и на ЕУ.

На самитот обраќање имаше и украинскиот Претседател Зеленски кој повторно побара поконкретна поддршка и порача дека на овој начин ќе се види кој е вистински пријател на неговата земја. Месецот кој измина пак го нарече мрачен и деструктивен за неговата држава.

Ние чекаме значајни чекори од НАТО, од ЕУ и Г7. Знаеме дека русите веќе почнаа да ги лобираат своите интереси. Тоа се интереси за војна. Знаеме дека работат со некои партнери. Знаеме дека сакаат да се заборави ова прашање, борбата против војната. Но, оваа војна треба да биде запрена. Нашата цврста позиција ќе биде претставена на сите три самити. На овие самити ќе видиме кој е пријатели, кој е партнер, а кој не предал за пари. 

Паралелно со самитот на НАТО во Брисел се одржуваат и лидерски состаноци на ЕУ, но и на земјите од Г7, каде состојбата во Украина и потенцијални нови санкции кон Русија се исто така главна тема на разговор.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.