HomeАктуелноТројца припадници на АРМ повредени во сообраќајна несреќа кај Штип

Тројца припадници на АРМ повредени во сообраќајна несреќа кај Штип

На патниот правец Штип-Кочани, денеска во 13:00 часот, се случи сообраќајна незгода во која беа повредени тројца припадници на Армијата на Република Македонија. Во инцидентот учествувало армиско возило „Ланд Ровер Дефендер“, кое било удрено од цивилно возило во задниот дел.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Тројцата војници беа полесно повредени и веднаш пренесени во болницата во Кочани за понатамошни медицински прегледи. Според информациите од Армијата, возилото учествувало во редовни планирани активности, во овој случај смена на стража, кога се случил инцидентот.

На местото на несреќата се пристигнати припадници на МВР и Воената полиција, кои извршуваат увид и го испитуваат случајот.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.