HomeАктуелноУапсен 54-годишен, возел со 1,87 промили алкохол во крвта

Уапсен 54-годишен, возел со 1,87 промили алкохол во крвта

Денеска (22.06.23025) во 02.53 часот во Македонска Каменица, полициски службеници од Полициското одделение Македонска Каменица го лишиле од слобода Ј.А.(54) од село Дулица, општина Македонска Каменица. При контрола во патниот сообраќај на ул.„Церска” во Македонска Каменица, полициските службеници сопреле патничко возило „лада нива” со регистарски ознаки од Македонска Каменица, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,87 промили алкохол во организмот, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување на моторно возило”.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.