HomeАктуелноУсвоена иницијативата на Левица за изработка на физибилити студија за основање ЈП за производство и продажба на електрична енергија

Усвоена иницијативата на Левица за изработка на физибилити студија за основање ЈП за производство и продажба на електрична енергија

На 17 седница на Советот на Општина Охрид едногласно беше усвоена Иницијативата за изработка на физибилити студија, со цел основање ЈП за производство и продажба на електрична енергија, поднесена од советникот на ЛЕВИЦА, Виолета Аврамоска на 23.09.2022 година, инфрмираат од ЛО Левица Охрид.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Со формирање ЈП за производство и трговија на електрична енергија се отвора можност општината да приходува од овие дејности, со што за краток период ќе го амортизира финансискиот удар од висиката цена на струјата, а на долг план, со добро менаџирање на ЈП, да се остварува финансиска добивка која би ја инвестирала во подобрување на условите на жителите на Општина Охрид, велат во соопштението.

Првична цел на ова ЈП, додаваат, е да изгради фотоволтаични централи на сите поволни локации во општина Охрид, втората фаза – да инвестира во производствени капацитети за електрична енергија на поволни локации надвор од границите на општината и последната фаза на развој, ова ЈП самостојно би вршело снабдување со електрична енергија на Општината и нејзините институции, како и други потрошувачи.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.