HomeАктуелноУтревечер ќе се одржи манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“ во Велгошти

Утревечер ќе се одржи манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“ во Велгошти

Во охридското село Велгошти утревечер во атарот на црквата „Св. Петка“, во организација на Општина Охрид, ќе се одржи традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Чествувањето ќе започне со полагање цвеќе пред спомен-обележјето на Живко Чинго, по што ќе има обраќање на претставник на Општина Охрид и доделување на наградата за најдобар расказ.

Беседа за Живко Чинго ќе одржи Паско Кузман, по што следува Живко Чинго како инспирација во творечкиот опус на Гоце Џуклески, а манифестацијата ќе биде заокружена со културно – уметничка програма.

Манифестацијата почнува во 20.00 часот.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.