HomeАктуелноУтре во Охрид ќе спроведе боево гаѓање – забрана за пристап до стрелиштето

Утре во Охрид ќе спроведе боево гаѓање – забрана за пристап до стрелиштето

Полициски службеници од редовниот состав на Секторот за внатрешни работи од Охрид утре ќе имаат вежбовно гаѓање со боева муниција на стрелиштето „Бејбунар“.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Пред почетокот на вежбовните активности предвидени за од осум часот, ќе бидат спроведени соодветни безбедносни активности со теренска обиколка и обезбедување на поширокото подрачје на стрелиштето, со цел оневозможување влез на граѓани во безбедносните зони.

За медицинско обезбедување на боевото гаѓање се задолжени стручни екипи на ЈЗУ „Здравствен дом“ Охрид.

Од СВР Охрид се упатува апел до граѓаните кои се движат во делот од градот каде се наоѓа стрелиштето, да ги почитуваат ознаките и натписите за забранет пристап, да не се задржуваат во безбедносните зони и целосно да се придржуваат кон останатите насоки на полициските службеници, информираат од СВР Охрид.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.