HomeАктуелноУтре голем празник во манастирот „Св. Стефан“ крај Охрид – верниците повикани на заедничка молитва

Утре голем празник во манастирот „Св. Стефан“ крај Охрид – верниците повикани на заедничка молитва

По повод празникот Пренос на моштите на Светиот првомаченик и архиѓакон Стефан, во манастирот „Св. Стефан“ крај Охрид денеска и утре ќе се одржат празнични богослужби и заедничка молитва со верниците.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Празничната програма започнува вечерва, 14 август, со вечерна богослужба во 19 часот. Утре, на 15 август, утрената богослужба ќе започне во 7:30 часот, по што во 8:15 часот ќе биде отслужена Светата литургија.

Од манастирот ги повикуваат верниците да се придружат на празничните богослужби и заеднички, во молитва и духовна атмосфера, да го одбележат празникот посветен на Свети Стефан.

Манастирот „Св. Стефан“ се наоѓа на околу пет километри од Охрид, во близина на старата пештерна црква посветена на Светиот првомаченик Стефан. Светилиштето, сместено во природна пештера, претставува значаен дел од духовното и културно наследство на охридскиот крај.

Пештерната црква потекнува од IX век, а нејзината особеност се огледа и во начинот на кој природниот простор бил приспособен за богослужение. Подоцна околу црквата бил оформен и манастирскиот комплекс со конаци.

Посебно внимание привлекува симболот познат како „Божјото око“, кој се наоѓа во пештерната црква и е еден од најпрепознатливите детали на ова древно светилиште.

Празникот е можност за верниците да се соберат на ова свето место, да се помолат и да го одбележат денот посветен на Свети Стефан, во амбиент исполнет со духовност, тишина и вековна традиција.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.