HomeАктуелноУтре е Велики Четврток: Што се прави со првото црвено Велигденско јајце

Утре е Велики Четврток: Што се прави со првото црвено Велигденско јајце

Велигденските јајца се обележје на големиот христијански празник Велигден. Јајцата се бојосуваат (вапцуваат) и се украсуваат во текот Велика недела (Страсна недела), најчесто на Велики четврток или Велики петок.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Велики четврток е денот кога рано изутрина, пред да изгрее сонцето се вапсаат првите три јајца, во црвена боја која е симбол на големиот христијански празник Велигден.

Се верува дека првите три јајца треба да се вапсуваат пред изгрејсонце за да не ги види сонцето па затоа, според верувањата, не се расипуваат со години. Според старите обичаи во зори на Велики четврток треба да се вапса барем едно црвено јајце, кое ја симболизира крвта Господова.

Првото вапцано јајце му се наменува на Господ и се нарекува Господово јајце. Второто вапцано јајце е за домаќинот на семејството. Третото вапцано јајце за бериќет и за стоката. Како што останало од порано, првото јајце се трга настрана бидејќи се верува дека тоа има магична моќ, па затоа неговото место е под иконата.

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.