HomeАктуелноУтре неработен ден за дел од граѓаните во Македонија

Утре неработен ден за дел од граѓаните во Македонија

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 21 декември 2022 година (среда), Денот на настава на турски јазик е неработен ден за граѓаните припадници на турската заедница во Република Северна Македонија.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на турската заедница им го честита Денот на наставата на турски јазик.

Ова воедно е и последниот неработен ден оваа година а следниот е 1 јануари – Нова Година, кој се паѓа во недела, па поради тоа истиот се префрла во понеделник (02 јануари). Ова е првиот од рекордните 10 продолжени викенди во 2023 година.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.