HomeАктуелноУтре Ѓурѓовденската литија по 17-ти пат во Струга

Утре Ѓурѓовденската литија по 17-ти пат во Струга

Моштите на Свети Георгиј Победоносец и неговата чудотворна икона и годинава, утре, по 17-ти пат на вториот ден од празникот Ѓурѓовден ќе ја благословат Струга, со што продолжува црковната манифестацијата што традиционално се одржува секоја година.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Моштите на светителот од манастирот во Рајчица свечено ќе бидат пречекани во 13:00 часот во храмот „Свети Георгиј“ во Струга, каде верниците ќе може да се поклонат. Од 16:00 часот е вечерната богослужба, по која ќе следи литијата. Ќе тргне од дворот на црквата „Свети Георгиј“, ќе помине низ струшките улици, покрај кејот на реката Црн Дрим, низ чаршијата и повторно ќе се врати во црковниот двор.

Моштите на светецот ќе бидат носени од четворица видни граѓани, а најавени се и повеќе новини.

По завршување на литијата предвидена е културно-уметничка програма во дворот на храмот.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.