Поради предвидени градежни активности – асфалтирање, утре, среда, 11-ти јуни 2025 година, согласно времениот режим, ќе биде затворена за сообраќај улицата „Даме Груев“, на потегот од пресекот со улица „Македонски Просветители“ до пресекот со булевар „Туристичка“.
– Се известуваат жителите кои што живеат во овој дел од градот и сите учесници во сообраќајот да не ја користат оваа улица, информираат од Општина Охрид.
