HomeАктуелноУтрово најсудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка – еве какво време ќе имаме за викенд

Утрово најсудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка – еве какво време ќе имаме за викенд

Најстудено утрово е во Берово со измерени -14 и Маврови Анови и Попова Шапка со -12 степени. Во Скопје утрово се измерени -11 степени.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Висината на снежната покривка утрово изнесувала 60 сантиметри во Попова Шапка, 18 во Маврови Анови, 14 во Лазарополе, 4 во Крушево, 2 Ѓуриште, 1 Берово.

Во текот на ноќта времето беше ведро, утрово е сончево со мала локална облачност, претежно тивко и многу студено.

Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе достигне од 2 до 8 степени.

Во Скопје претежно сончево со слаб ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 5 степени.

Во Охрид претежно сончево со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 4 степени.

И во сабота ќе се задржи претежно сончево време со ниски утрински температури. Во недела ќе има зголемување на облачноста и услови за провејување на слаб снег на планините и на повисоките места. Од понеделник времето ќе биде стабилно со пораст на утринските и дневните температури.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.